Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА е граѓанска, родителска, национална, невладина и непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Р. Македонија. РЦПЛИП – ПОРАКА е оформена во 1963 година, а во моментов обединува 20 локални организации во земјата.

Главните цели на РЦПЛИП – ПОРАКА:
•  Обезбедување законски можности за поттикнување на еднакво учество на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество
•  Развивање на алтернативните сервисни служби во местото на живеење, според принципите за изедначување на можностите на лицата со интелектуална попреченост и унапредување на нивните човекови права.

Принципи:
•  Вклучување на лицата со интелектуална попреченост во секој аспект од животот,
•  Изедначување на можностите за лицата со интелектуална попреченост како еднакви граѓани во заедницата,
•  Обезбедување на семејна поддршка – соодветни сервиси и поддршка за семејствата со член со интелектуална попреченост во местото на живеење,
•  Самоопределување, донесување на одлуки од страна на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства,
•  Подобрување на условите за живот во постоечките институции,
•  Деинституционализација на лица со интелектуална попреченост и нивно опфаќање во алтернативни сервисни служби,
•  Подигнување на јавната свест.

Активности:
•  Иницијативи за подобрување на политиката за лицата со интелектуална попреченост на национално ниво,
•  Координација и стручно-методолошка помош на локалните организации,
•  Воспоставување на мрежа од алтернативни сервисни служби:
    -  клубска работа и советување на родители во скоро сите локални организации,
    -  дневни центри (посебни групи во редовните градинки) за деца со интелектуална попреченост од претшколска возраст,
    -  дневни центри за адолесценти и возрасни лица со интелектуална попреченост,
    -  Создавање на предуслови за оформување на Сервиси за самостојно живеење на лица кои ќе бидат извлечени од институции
•  Комуникација и размена на искуства на европско и светско ниво, како рамноправна членка на Европската Инклузија и Интернационалната Инклузија

Членство:
РЦПЛИП – ПОРАКА е член на Европска Инклузија - Европска Асоцијација на национални здруженија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, на Интернационална Инклузија – Интернационалната асоцијација на национални здруженија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, и на ЕАСПД – Европска Асоцијација на организации - обезбедувачи на сервиси за лица со попречености.

        © 2010
        сите права се задржани

почетна лична карта новости контакт
проекти публикации декларација гласило english