Кампања за промоција на еднаквост
за лица со интелектуална
попреченост
Преку РАЗЛИЧНОСТА до ЕДНАКВОСТ во општеството
ПРАВА
Остварување на основните човекови
права и слободи на лицата со
интелектуална попреченост, врз
основа на принципите за еднаков
третман, недискриминација...
ПРЕТСТАВУВАЊЕ
Позитивни акции за надминување на
нееднаквоста и елиминирање на дискриминацијата.
Активно клучување и еднакво учество на лицата со интелектуална попреченост
во сите сегменти
на општеството
ПРИЗНАВАЊЕ
Почитување и истакнување на можноста
за лицата со интелектуална попреченост
да придонесуваат во општеството и
потенцирање на значењето на различностите
ПОЧИТ
Промовирање на кохезивно општество,
преку надминување на предрасудите и
стереотипите кон лицата со интелектуална
попреченост, промовирање на добри односи и меѓусебна
почит
Конвенција на Обединети Нации за права на
лицата со попреченост
ЧЛЕН 2 “Дискриминација врз основа на попреченост” подразбира секаква разлика,
исклучување или ограничување врз основа на попреченост, што има за цел или
ефект на намалување или поништување на признавањето, уживањето или практикувањето,
на еднаква основа со другите, на сите човекови права и основни слободи во политичкото,
економското, социјалното, културното, граѓанското или друго поле.
ЧЛЕН 4 “Државите потписнички преземаат одговорност да ја
обезбедат и да ја промовираат целосната реализација на сите човекови права и
основни слободи за сите лица со попреченост без дискриминација од било кој вид
врз основа на попреченост”
2007 - Европска година на еднакви можности за сите