Конференција “Еднакви права - Еднакви
можности” за поддршка на правата на лицата со интелектуална попреченост
во Р. Македонија 25-ти Ноември 2003 година, Скопје
ДЕКЛАРАЦИЈА
Во рамките на 2003, Европска година на лица со попречености ,
кога се бележи и десет годишнина од донесувањето на Резолуцијата 48/49 на Генералното
Собрание на Обединетите нации за усвојување на “Стандардни правила
за изедначување на можностите на лицата со попреченост”, Републичкиот
центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА, во соработка
со своите локални организации, реализира национална кампања за поддршка во
остварување на правата на лицата со интелектуална попреченост во Р.Македонија.
На 25 Ноември 2003 година, во рамките на кампањата, -ПОРАКА- одржа Конференција
“Еднакви права - Еднакви можности” за лицата со интелектуална пореченост
во Р.Македонија .
На конференцијата имаше 110 учесници: родители на лица со интелектуална попреченост/претставници
од локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА, потпретседател на Собрание на
Р.Македонија и претседавач на Интер Партиска Парламентарна Лоби Група, претставници
од Министерството за труд и социјална политика, отпретседател на Заедницата
на единици на локална самоуправа, претставници од меѓуопштински центри за социјална
работа, претставници од институции од здравствениот систем; претставници на
институции од системот на образование; претставници на членките на ЗИОМ, претставници
од Национално координативно тело и претставници на меѓународни организации
кои работат во Р.Македонија.
Учесниците на конференцијата направија согледувања на промените направени
во законодавството, актуелната состојба и практична примена во однос на остварување
на човековите права на лицата со интелектуална попреченост во Р.Македонија.
На конференцијата се донесоа следните заклучоци како приоритетни
> НЕ ЗБОРУВАЈТЕ
ЗА НАС - БЕЗ НАС, ЗБОРУВАЈТЕ СО НАС - ЗА НАС
Лицата со интелектуална попреченост како една
од најмаргинализираните групи на граѓани во секое општество секојдневно се
соочуваат со неправди и понижувања од различен вид. Обезбедувањето на еднакви
права и можности на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество
не е возможно без промена на ставовите и разбивање на предрасудите на јавноста
кон оваа група на граѓани. Потребна е систематска и сеопфатна стратегија за
промовирање на правата и можностите на лицата со интелектуална попреченост
во сите сфери на секојдневниот живот. Достоинството на лицата со интелектуална
попреченост да биде во фокусот. Прифаќање на човекот како вредност е основен
фактор за подигнување на јавната свест. Неопходна меѓусекторска
соработка, координација и кореспонденција заради
успешно имплементирање на реформските процеси и програмските активности со
цел за успешна интеграција на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското
општстесво; Сорабоотка и координација помеѓу
министерствата и невладините организации во процесот
на усогласување на законските можности и нивна имплементација. Соработка
помеѓу Владиниот, невладиниот и бизнис секторот со
цел за квалитативни и конструктивни реформски процеси.
Приоритети во однос на права од социјална
заштита за
лицата со интелектуална попреченост
1. Зголемување
и развивање на поддршката на
лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. Владата на Република
Македонија треба да обезбеди социјална сигурност на лицата со
интелектуална попреченост , преку остварување на правата од социјална
заштита. Обезбедување на услови за користење на постојана парична
помош (Закон за социјална заштита, чл.21, чл.22) или промовирање на ново
лично право за лицата со умерена, тешка и длабока попреченост, кои се прогласени
за делвно неспособни . Ова лично право треба да
се остварува по основ на попреченост, при што не треба да се земаат во
предвид приходите и социо-економскиот статус на семејството.
2. Надоместокот
за скратено работно време, обезбеден
преку Законот за социјална заштита (чл.33), да биде достапен и за родителот
кој не е во можност да заснова работен однос заради целодневната грижа
за своето дете/лице со интелектуална попреченост. Надоместокот за скратено
работно време да изнесува 50% од просечниот личен доход. 3. Обезбедување
на посебен детски додаток и за децата со интелектуална
попреченост кои се вклучени во образовниот систем (вклучувајќи
ги и децата со лесна интелектуална попреченост).
4. Член
70 од Закон за Социјална заштита ,
да биде во функција , а неговото реализирање во пракса да биде
дефинирано во насока на остварување на адекватна грижа и заштита на деца
со интелектуална попреченост.
5. Надоместокот за сместување
во друго семејство (чл.69) од Законот за социјална заштита да се обезбеди
и за биолошките семејства на
деца/лица со интелектуална попреченост. 6 . Правото
на избор на вработување на лицата со интелектуална попреченост подеднакво
да биде поддржувано од државата со обврска за обезбедување на механизам
за следење и контрола на односот на работодавачот кон вработените лица со
интелектуална попреченост .
Приоритети во однос на реформскиот процес деинституционализација
и креирање на алтернативни сервисни служби за лица со интелектуална попреченост
1. Забрзување на процесот на деинституционализација и неопходно развивање
на мрежа на алтернативни сервисни служби во местото на живеење како
замена за големите резиденциски институции (дневни центри, центри за
времено опфаќање, сместување во друго семејство, социјални клубови, мали
групни домови, самостојно живеење и сл.);
2. Намалување на
капацитетот на резиденциски
институции;
3. Подобрување на условите и стандардот
за живеење во резиденцијалните
институции; 4. Развивање на чувството на вредност
како личност кај
корисниците кои живеат во институции преку воведување на индивидуална
програма за раб ота со секој корисник сместен во институција, воведување
на едукативна програма и соодветни видови на терапија и рехабилитација; 5. Склучување
на договори за партнерски односи помеѓу
Владата на Р.Македонија и оние невладини организации кои имаат капацитет
и кредибилитет за оформување и водење на сервисни служби .
Приоритети во однос на остварување на правото на образование
за лица со интелектуална попреченост
1. Обезбедување на образование за сите деца/лица со
посебни образовни потреби согласно нивните можности и способности,
како основа за нивна успешна интеграција во сите области на животот; 2. Надополнување
на правната регулатива со
соодветни ресурси и позитивни ставови во обезбедување општи
и дополнителни образовни програми , вклучувајќи ги лицата со тешка
и длабока интелектуална попреченост и за оние кои се сместени во институции;
3. Вклучување на деца, лица со интелектуална попреченост во
редовни паралелки заедно со нивните врсници, во зависност
од нивните способности и можности, согласно наод и мислење од верифицирана
комисија за распоредување;
4. Изработка на индивидуални образовни
програми за
децата со посебни образовни потреби со поддршка од страна на дефектолог и
други специјализирани лица, во соработка со родители;
5. Обезбедување
на посебен детски додаток и за децата со интелектуална
попреченост кои се вклучени во образовниот систем; 6. Владата
и локалните власти да соработуваат со невладините
организации за да дојде до неопходна квалитативна промена;
7. Вработување
на дефектолози во редовни училишта ,
како дел од стручен тим со цел за пружање на континуирана стручна
помош;
8. Да се обезбеди професионално, работно ориентирање
и оспособување на
лица со посебни образовни потреби во основните училишта.
Приоритети во однос на остварување на
права од здравствено осигурување и здравствена заштита за лица со интелектуална
попреченост
1. Мултидисциплинарен пристап кон
потребата од остварување на правата од здравствената заштита за лица со интелектуална
попреченост. Правилникот за проценката на специфичните
потреби на лица со пречки во физичкиот и психичкиот развој да
се спроведува и на локално ниво , а координирање на
работата да биде преку еден републички центар . Комисиите
да се формираат во медицинските центри, а учеството во работата на истите да
е редовна работна обврска на тимот. Наодот и мислењето да вклучува листа
на потреби и препораки за нивно остварување. Наодот и мислење
да добие исти третман како дијагноза и прогноза во здравствените
служби.
2. Да се развијат програми за превенција, рано откривање,
дијагностирање и ран третма н за подобрување на општиот и здравствениот
статус.
3. Законска регулатива за отварање на мрежа на центри
за следење на растот и развојот на деца родени со ризик како важен
предуслов за развој на потенцијалот кај секое дете.
4. Информирање,
едукација и намалување на предрасудите на
медицинскиот и парамедицинскиот персонал, обука на
постоечкиот и идниот медицински персонал преку волонтерски програми.
5. Сервисни служби за поддршка на
лицата со интелектуална попреченост во случај на потреба од секундарна
здравствена заштита или рехабилитација . Вклучување на невладиниот
сектор во
креирање на ваков вид служби.
6. Бесплатна здравствена заштита за лица со интелектуална
попреченост по основ на неспособност за самостоен живот и работа, без
партиципација лекување и лекови. Ревизија на позитивната листа
на лекови и достапност на лековите.
7. Советодавна поддршка на
лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства преку информација,
едукација и обука. Кога е потребно, да се препорачува
придружник при хоспитализација на лице со интелектуална попреченост
во болнички услови, без ограничување на возраст.