Таргу-Мурес Декларација, Романија Повик за акција 7-ми октомври 2005 година
EASPD
Европската асоцијација на обезбедувачи на сервиси за лица со попреченост (EASPD)
претставува повеќе од 7.000 организации низ Европа и за сите видови на попреченост
(вклучувајќи ги и земјите што чекаат за влез во Европа, Романија и Бугарија)
и е гласот на секторот за обезбедување на сервиси во Европа. EASPD се стреми
кон еднакви можности за лицата со попреченост преку сервиси со висок квалитет
и верува во меѓусебна поврзаност и партнерство на организациите на корисници,
на обезбедувачите и властите на сите нивоа со цел справување со предизвиците
кои претстојат.
EASPD … се вклучува!
Во само преку 30 години, Европската унија (ЕУ) прерасна од ентитет со шест
члена и со популација од 185 милиони во ентитет со 15 члена со 375 милиони
лица пред да стане ентитет со 25 члена со 455 милиони граѓани во 2004 година.
Следните проширувања кои се на распоредот на ЕУ ќе ги донесат Романија, Бугарија,
а подоцна Хрватска и Турција во заедницата. EASPD верува дека процесот на проширување
не треба да се гледа само во однос на економска профитабилност (т.е. со проширување
на европскиот единствен пазар). Новите држави членки и земјите што чекаат за
влез носат и голем обем на различни култури, социјални политики и политички
структури. EASPD е убедена дека социјалните НВОи треба да имаат важна улога
во помошта за имплементација на човековите права преку високо квалитативни
системи на сервиси и осигурувајќи дека и новите држави членки и земјите што
чекаат за влез имаат помош при исполнувањето на социјалните критериуми за целосна
интеграција во ЕУ. Обезбедувачите на сервиси се важни носители на акции во
зајакнувањето на социјалната кохезија во Европа. Од тие причини, EASPD формираше
Постојан Комитет за проширување и ги прилагоди своите статути за да овозможи
членство за организациите од сите земји во Советот на Европа (СоЕ).
Секторот за грижа во новите држави членки и во земјите што чекаат за влез
е генерално слабо структуриран и развиен. EASPD е посветена на споделување
на својата мрежа и искуства со обезбедувачите на сервиси и нивните чадор организации
во сите нови држави членки и земјите што чекаат за влез. EASPD го прави ова
за да го поддржи развојот на активностите на локалните обезбедувачи и да го
подобри квалитетот на сервисите за лицата со попреченост. EASPD лансираше мошне
практична и основна иницијатива: твининг иницијатива. Користејќи ја својата
меѓународна мрежа на обезбедувачи и чадор тела, EASPD ги повика локалните обезбедувачи
на сервиси во земјите што чекаат за влез да се поврзат со нивните соработници
од ЕУ или обратно.
Во 2005 година, EASPD направи значајни чекори за зајакнување на врските со
обезбедувачите во сите земји од источна и југоисточна Европа и учествуваше
на три значајни настани. Во Белград, од 8-ми до 10-ти септември, (Србија и
Црна Гора, организиран од Handicap International South-East
Europe), фокусот
беше на развојот на сервисите и инволвирањето на носителите на акции. Во Будимпешта,
од 15-ти до 17-ти септември, (Унгарија, “Common Voice”) се обидовме да ги идентификуваме
заедничките предности, слабости и потреби на секторот во централна и источна
Европа. За време на нашата конференција во Таргу-Мурес на 7-ми октомври (Романија),
локалните власти, експертите, обезбедувачите на сервиси, истражувачите и другите
релевантни носители на акции и од “нова” и од “стара” Европа беа поканети да
допринесат на семинарот за сервиси во местото на живеење и сервиси ориентирани
кон лицето. Постер сесиите беа организирани за размена на модели на добра практика
во однос на развојот на сервисите и да се промовира меѓународна соработка меѓу
присутните обезбедувачи на сервиси.
Како продолжување на овие настани за проширување, EASPD сака да го лансира
својот “Таргу-Мурес повик за акција” со набљудувања, откритија, препораки и
специфични предлози за во иднина. “Таргу-Мурес повик за акција” беше усвоен
од сите членки на EASPD на 8-ми октомври 2005 година за време на состанокот
на Одборот во Таргу-Мурес, Романија.
Анализата на постоечката ситуација во земјите од источна, централна и југоисточна
Европа за време на трите гореспоменати настани укажа дека сите земји учеснички
искусиле серија на слични проблеми. EASPD со својата колективна експертиза
во обезбедувањето сервиси одлучи да го фокусира својот предлог само на прашања
поврзани со сервиси и поддршка.
Со цел да се надминат сите овие проблеми потребна е поголема
акција на национално и европско ниво.
1. Легислатива
Препорака Кохерентна и ефикасна законска рамка за поддршка на: • Развојот на секторот за обезбедување на сервиси во сите источно европски
и југоисточно европски земји;
• Развојот на НВОи и нивните активности како обезбедувачи на сервиси
Треба да се прифати од националните власти. Владите треба да осигураат дека
оваа законска рамка се применува и дека е во согласност со постоечката ЕУ легислатива,
Акциониот план на Советот на Европа и претстоечкиот правно обврзувачки инструмент
за промовирање и заштита на правата и достоинството на лицата со попреченост.
Посебно внимание треба да се обрне и на развојот на законска рамка за заштита
на/и еднакви можности за децата со попреченост, лицата со тешки и длабоки попречености,
Ромите со попреченост и старите лица.
Повик за акција
Ниво на ЕУ:
- ЕУ треба да ја прегледа ефективноста на сета своја сегашна легислатива
и барања за да се види дали имаат влијание врз обезбедувањето на поддршка за
социјалните сервиси во државите членки и притоа треба да се фокусира на тоа
како ЕУ барањата влијаат врз поддршката за лицата со попреченост.
Национално ниво:
- Националните власти треба да усвојат легислатива која е
насочена кон обезбедување сервиси со висок квалитет за лицата со попреченост;
- Националните власти треба да усвојат легислатива која ќе го олесни развојот
на обезбедувањето сервиси за различни обезбедувачи понудувајќи вистински избор
и инволвираност на корисниците;
- Националните власти треба да осигураат воспоставување на систем за мониторинг
на имплементацијата и ефективноста на нивните предлози.
2. Обезбедување на квалитет
Препорака
Советот на Европа, Европската унија, националните власти и обезбедувачите треба
да осигураат дека сите сервиси што се обезбедени ги исполнуваат прифатливите
нивоа на квалитет преку усвојување на збир од принципи што се базирани на
квалитетот на резултати за развојот на сервисите вклучувајќи ја и инволвираноста
на корисниците. Инструментите наменети за системите за мониторинг треба истовремено
да се развијат и да се применат.
Повик за акција
Ниво на ЕУ:
- Секторот за вработување, социјални работи и еднакви
можности треба да организира интерактивна платформа каде носителите на акции ќе се сретнат
за да дискутираат околу начините на имплементирање на ефективни системи со
прашања и одговори.
Национално ниво:
- Националните власти во нивната легислатива треба да интегрираат
системи за обезбедување на квалитет и контрола на квалитетот, поддршано со
ефективен систем на акредитација и лиценцирање;
Обезбедувачи
на сервиси и НВО:
- Треба да ги имплементираат овие принципи за квалитет во
нивните сервиси и акции, земајќи ги в предвид барањата и условите на секој
регион.
3. Социјална инклузија и достапност на сервиси
Препорака
Развојот на политиката во ЕУ не може да се случи без јасно разбирање на степенот
и природата на социјалната потреба во секоја држава членка бидејќи проценката
на потребите е исклучително важна за развојот на политиката.
Проценката на потребите е исклучително важна за развојот на политиката. EASPD
предлага да се собере минимален збир на податоци за социјални потреби од секоја
држава членка, врз основа на општ пристап усогласен на европско ниво.
Повик за акција
Ниво на ЕУ:
- Секторот за истражување треба да го олесни собирањето на споредливи
податоци во однос на достапноста на сервиси со цел да се добие општ европски
пристап;
- Споредливи податоци во однос на достапноста на сервисите за лица со тешки
и комбинирани попречености е приоритет.
Национално и
регионално ниво:
- Националните власти во Националните акциони планови треба
да инкорпорираат “инструмент за проценка на потребите” – Национален минимален
збир на податоци за социјални потреби во формат кој ќе биде усогласен меѓу
сите носители на акции;
- Националните власти треба да го имплементираат овој национален минимален
збир на податоци за социјални потреби;
- Локалните власти треба да вклучат листа на приоритети во локалните акциони
планови за развој на сервиси усогласен меѓу сите носители на акции – за сервисите
да бидат подостапни за лицата со попреченост;
- Националните и локалните акциони планови треба да се фокусираат на ситуацијата
на лицата со тешки и комбинирани попречености и на децата со попреченост.
4. Вработување
Препорака
Во полето на вработување, националните власти треба да развијат
збир на обврзувачки мерки за поддршка за да им се помогне на лицата со попреченост
во наоѓањето и задржувањето на работно место (Достапност до работни места).
Вработувањето претставува показател за социјалната инклузија во Европа (на
пр. Лисабонски процес), но сепак, статистиката покажува дека лицата со попреченост
конзистентно постигнуваат значајно пониска стапка на вработеност отколку останатата
популација.
Повик за акција
Ниво на ЕУ:
- Секторот за грантови треба да ги увиди потребите и загриженостите
на заштитните работни места и агенциите за поддржано вработување во Европа,
кога прави нацрт за нова регулатива за помош на државата;
- Во своите насоки за вработување, Европската комисија (ЕК) треба да вклучи
барање до националните власти да го прифатат постоењето на финансиските пречки
за вработување на лица со попреченост (често нарекувано замка на бенефити)
и да бараат решенија;
Национално ниво:
- Националните власти треба да започнат со работа на истражување
базирано на резултати во однос на замката на бенефити;
- Националните власти треба да развијат стратегии за поддржано вработување;
- Државите членки и земјите кандидатки треба да осигураат коректна имплементација
на актуелната и новата регулатива за помош на државата.
5. Образование и обука
Препорака
Програмите за обука треба да бидат развиени и/или достапни и за ЕУ и за националните
власти за менаџерите и раководните лица во однос на менаџмент
и обезбедување на добри и квалитетни социјални сервиси и квалитативен менаџмент. Во однос
на образованието, националните власти и ЕУ треба да ја имплементираат
Декларацијата од Саламанка за образование за посебни потреби и правото на
образование за сите.
Повик за акција
Ниво на ЕУ:
- Секторот за образование и култура – како прв чекор треба да
ја олесни работата за прифатена и усогласена лиценца за грижа низ цела Европа
како квалификација опфаќајќи го сиот персонал од секторот за грижа, и поддржувајќи
општ збир на вредности, ставови, знаење и вештини;
- Треба да го следи гореспоменатиот предлог со понатамошни развитоци за поддршка
на трансферот на персонал и вештини низ секторот со дополнителни квалификации
во грижата на повисоки нивоа;
- Треба да ја олесни меѓународната соработка врз основа на вредности и размена
на know-how;
- Воспоставените програми можат да ја поддржат размената на обука за раководните
лица и менаџерите од секторот за обезбедување на грижа;
- Ја повикуваме Европската агенција за развој во образованието
за посебни потреби да обрне посебно внимание на правото на образование за лицата со комбинирани
попречености во новите држави членки и земјите кандидатки;
- ЕК треба да ја следи имплементацијата на Декларацијата од Саламанка.
Национално ниво:
- Националните власти треба да ја инкорпорираат гореспоменатата
Европска лиценца за грижа и да ги интегрираат нејзините принципи во нивните
системи за грижа и обука;
- Националните власти треба да усвојат Национални акциони планови за имплементација
на принципите од Декларацијата од Саламанка;
- Националните власти треба да осигураат дека децата со тешка попреченост се
способни да посетуваат соодветни образовни системи. Треба да се воспостави
систем за мониторинг на национално ниво.
Обезбедувачи
на сервиси:
- Треба да регрутираат добро обучен персонал и да организираат
обука базирана на вредности, во согласност со гореспоменатата Европска лиценца
за грижа и принципите за квалитет.
6. Мрежно работење и пристап на носители на акции
Препорака
СоЕ, ЕУ и националните власти треба да придонесат за креирање
на мрежи на обезбедувачи на сервиси и да го олеснат
мрежното работење како средство за зајакнување
на капацитетот во Европа.
Повик за акција
Ниво на СоЕ:
- Сите носители на акции треба да бидат присутни во сите работни
групи и структури на СоЕ и особено во Комитетот за рехабилитација и интеграција
на лица со попреченост (CD-P-RR);
Ниво на ЕУ:
- Состаноците на Секторот за проширување, социјални работи и еднакви
можности и групата за попреченост на Високо Ниво треба да бидат отворени за
сите релевантни носители на акции, а треба да се организираат и тематски состаноци
за источно европските земји барем двапати годишно;
Национално и
регионално ниво:
- Националните, регионалните/локалните власти треба да придонесат
во продолжувањето на националните форми за попреченост во кои ќе бидат вклучени
и обезбедувачите на сервиси.
Обезбедувачи
на сервиси:
- Треба самите да се организираат во федерации и организации на
национално/регионално ниво.
7. Принципи на управување
Препорака
Усвојувањето на принципите за управување во практика – отвореност,
учество, кохерентност, одговорност, ефективност – претставени во Белиот документ
за Европско управување ‘COM (201) 428 финално’ од владините тела и структури
и невладините организации (НВОи) во секојдневните методи за работа е потребно
за овозможување на добар квалитет во обезбедувањето на сервиси и имплементација
на политиката.
Повик за акција
Ниво на ЕУ:
- ЕУ треба да го имплементира Белиот документ за управување во
сите аспекти и да идентификува клучни мрежи на сите носители на акции со цел
да ги консултира за релевантни теми.
Национално ниво:
- Независни тела треба да ја следат имплементацијата на принципите
за управување со цел борба против корупција и недостаток на компетентност во
сите полиња и во сите европски земји.
8. Сервиси ориентирани кон лицето и сервиси во местото на живеење
Препорака
СоЕ, ЕУ и националните власти треба да усвојат Европска
работна рамка за воспоставување на сервиси во местото на живеење и ориентирани
кон лицето користејќи методологија
чекор-по-чекор и пристап на носители на акции.
Повик за акција
Ниво на СоЕ:
- Треба да се фокусира на развојот на јасни предлози за промена
усогласени меѓу носителите на акции;
Ниво на ЕУ:
- ЕУ треба да се фокусира на истражување за механизмите кои можат
да помогнат во прогресивно напуштање на големите институционални сервиси во
замена за мали, сервиси во местото на живеење кои ќе ги оспособуваат корисниците
и нивните семејства;
- Финансирањето треба да биде достапно за да се поддржува ‘чекор-по-чекор’
процесот на деинституционализација.
Национално ниво:
- Националните власти треба да креираат Национални акциони
планови за развој на сервиси во местото на живеење и ориентирани кон лицето;
- Треба да се направи истражување за причините во однос на потешкотиите во
воспоставувањето на сервиси ориентирани кон лицето и во местото на живеење
и за притисоците и политиките што тежнеат да направат големи сегрегирачки сервиси
во изолирани средини.
Обезбедувачи
на сервиси:
- Треба да се посветат на премостувањето кон сервиси ориентирани
на лицето и во местото на живеење, што може да се олесни преку рамката на
EASPD за сервиси во местото на живеење и ориентирани кон лицето.
9. Трговија со органи и луѓе
Препорака
Многу често лицата со попреченост се лошо третирани во борбата за донирање
на органи. Потребна е сеопфатна стратегија за трговија
со органи и луѓе во Европа. Крвта и нејзините продукти се неопходни за модерната медицина. Лицата
со попреченост (како и сите други граѓани на Европската заедница) имаат апсолутно
право да ја контролираат употребата на нивната крв и органите и никогаш не
треба да бидат присилени или излажани за да се ‘донираат’ себеси на други.
Борбата против трговијата со луѓе е “морална потреба” и потребна е поголема
акција на ова ниво.
Повик за акција
Ниво на ЕУ: - ЕК треба да ги земе во предвид потребите и правата на лицата
со попреченост во двете нови директиви во однос на квалитетот и безбедноста
на крвта и крвните продукти;
- Продолжетокот на новата комуникација на Комисијата“Борба
против трговијата со луѓе – интегриран пристап и предлози за акционен план” треба да се фокусира
и да ја земе в предвид ситуацијата на лицата со попреченост;
- Одделот за здравство - треба да спореди начините на кои државите членки се
справуваат со ова прашање и да изнаоѓаат начини за ширење на најдобрите практики
низ сите држави членки.
Национално ниво: - Агенциите на обезбедувачи, чадор организациите и групите
на корисници треба да пријавуваат за било каква трговија до нивните национални
власти и да следат што ќе се случува понатаму. Кога нема да има ефектна поправна
акција, треба да ја известат ЕК и EASPD.
10. Еднаков пристап до здравствени сервиси за лицата со попреченост
Препорака
Постои јасен доказ дека лицата со попреченост често добиваат помало ниво на
поддршка во здравствената грижа отколку општата популација. Треба да има
голема акција на ниво на ЕК за да се алармираат државите членки и нивните
граѓани за оваа ситуација и да се презема ефективна акција за надминување
на ваквото однесување.
Повик за акција
Ниво на ЕУ: - Секторот за здравство – треба да спроведе истражување за да
ја открие големината на овој проблем и во колкав обем секоја држава членка
била во можност да преземе ефективна акција против оваа тенденција;
- ЕК треба да го разгледа најефективниот метод за забрана на ваквите акции
низ цела Европска заедница.
Национално ниво:
- Државите членки треба да инкорпорираат ефективни стратегии
за осигурување дека ваквиот вид на дискриминација не се случува во нивните
системи за здравствена грижа и да ја следат ефективноста на нивните предлози.
Нивоа на
обезбедувачи:
- Обезбедувачите на локално и национално ниво треба да работат
со корисниците и нивните семејства и да ги поддржуваат организациите за следење
на локалната практика и да ја истакнуваат ваквата дискриминација секогаш
кога ќе се случи;
- Националните власти треба да воведат системи за мониторинг за да осигураат
дека лицата со попреченост имаат исти права за здравствени сервиси и особено
за донирана крв и органи како и сите други.
11. Можности за финансирање
Препорака СоЕ, ЕК и националните влади треба да ги координираат
нивните акции и напори со цел да обезбедат структурално финансирање за развој на сервисите и имплементацијата
на принципите за квалитет.
Ниво на СоЕ:
- Треба да се подигнува свеста за потребата од структурално финансирање
(на обезбедувачите на сервиси) и да се интегрира во акционите планови за попреченост.
Ниво на ЕУ:
- ЕК да обезбеди соодветни фондови за зајакнување на капацитетот
за обезбедување на сервиси во областа на попреченоста преку веќе постоечките
програми како што се PHARE, CARDS, IPA, Структурални фондови и новата програма
PROGRESS.
Национално ниво:
- Националните власти да обезбедат кохерентно и одржливо
финансирање кое ќе ги покрива сите трошоци на основните сервиси кои се обезбедени
во согласност со листата на приоритети спомената во Препорака
3.
Усвоена од учесниците на ‘EASPD оди на исток – настан’ – Таргу-Мурес, 7-ми
октомври 2005 година и од Одборот на EASPD на 8-ми октомври 2005 година