Министрите на Европската Унија за вработување и социјални прашања на 3-ти
Декември 2001 година ја прогласија 2003 година за “Европска година на лицата
со попреченост”. Во текот на 2003 година се организираа и одржаа илјадници
настани низ цела Европа, со единствена цел да се промовираат правата на преку
37-те милиони луѓе со попреченост и да се подигне свеста на граѓаните во
однос на кршењето на човековите права со кои луѓето со попреченост секојдневно
се среќаваат.
Републичкот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост
– ПОРАКА, како рамноправна членка на Европската Инклузија се вклучи во
оваа широка европска акција и во текот на 2003 година превзеде низа активности
за одбележување на Европската година на лицата со интелектуална попреченост
на национално и локално ниво.
Реализираните активностите го следеа духот на 2003 година – Европска година
на лицата со попреченост и ги пренесуваа пораките за недискриминација, еднакви
права и вклучување на лицата со интелектуална попреченост во сите сегменти
на живеењето.
Главните цели на активностите во 2003 година:
Одбележување на десетгодишнината од усвојувањето на Стандардните правила
за изедначување на можностите за лицата со попречености од Генералното
собрание на Обединетите нации;
Промоција на зголемено ниво на социјална заштита, зголемување на стандардот
и квалитетот на живеење на лицата со интелектуална попреченост;
Подигнување на јавната свест за правата на лицата со интелектуална попреченост
како рамноправни граѓани во општеството;
Градење на позитивна слика за потребите и можностите на лицата со интелектуална
попреченост;
Социјална и економска интеграција на лицата со интелектуална попреченост
во заедницата;
Интеграција на децата и младите со интелектуална попречености во редовниот
систем на образование;
Еднаков пристап, социјални и економски можности како основни човекови права
на лицата со интелектуална попреченост;
Социјално вклучување во сите сфери на животот на лицата со интелектуална
попреченост и дефинирање на приоритетни акции за делување;
Почитување на основните права и принципи за не-дискриминација и интеграција
на лицата со интелектуална попреченост;
Зајакнување на соработката меѓу различни сектори и министерства со заедничка
цел за подобрување на можностите на лицата со интелектуална попреченост
во сите сфери на секојденвниот живот и нивна интеграција во општеството;
Креирање на мултидисциплинарна стратегија за интегрирање, достапност и
проширување на социјалните и економските можности на лицата со интелектуална
попреченост.