 |
Јануари 2012 |
Тркалезна маса "Конвенција на ОН за правата на лица со попреченост - ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ" |
Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, со поддршка од Националниот демократски институт, на 15.12.2011 година во х. Холидеј Ин – Скопје, организираше тркалезна маса под наслов "Конвенција на ОН за правата на лицата со попреченост - идни предизвици".
|
прочитајте
повеќе |
 |
Јануари 2012 |
Отворен ден на дневниот центар – ПОРАКА Скопје |
Во рамките на својата програма за одбележување на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, РЦПЛИП – ПОРАКА во соработка со ЦПЛИП – ПОРАКА Скопје организираше Отворен ден на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во Скопје. Отворениот ден се одржа на 5.12.2011 година со почеток од 10:00 часот.
|
прочитајте
повеќе |
 |
Јануари 2012 |
Активности на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА по повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост |
ЦПЛИП – ПОРАКА Скопје, во рамките на програмата за одбележување на 3-ти Декември реализираше различни активности. На 5-ти декември се одржа Отворен ден на дневниот центар ПОРАКА Скопје на кој присуствуваа голем дел од соработниците и поддржувачите на дневниот центар. Во рамките на Отворениот ден, РЦПЛИП – ПОРАКА и ЦПЛИП – ПОРАКА Скопје доделија благодарници на институции и поединци како израз на благодарност за поддршката во нивната работа.
|
прочитајте
повеќе |
 |
Јануари 2012 |
Добротворен ручек во Македонската Амбасада во Хаг |
На 10 ноември 2011 во Хаг, во ресторанот на големиот ланец супермаркети Sligro, во организација на Амбасадата и со поддршка на г-ѓа Патрициа Холамби, се одржа добротворен ручек со цел промоција на Македонија и собирање на средства наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА.
|
прочитајте
повеќе |
 |
Ноември 2011 |
Добротворен ручек во Македонската Амбасада во Хаг |
На 10 ноември 2011 во Хаг, во ресторанот на големиот ланец супермаркети Sligro, во организација на Амбасадата и со поддршка на г-ѓа Патрициа Холамби, се одржа добротворен ручек со цел промоција на Македонија и собирање на средства наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА.
|
прочитајте
повеќе |
 |
Октомври 2011 |
Започнува акцијата за адаптирање на новите простории за дневен центар во Радовиш
ВАШАТА ПОДДРШКА Е ПОТРЕБНА |
Дневниот центар на РЦПЛИП - ПОРАКА во Радовиш од оформувањето пред десетина години па се до денес опстојува во дотраена монтажна барака, која во изминатите неколку години во повеќе наврати претрпуваше санации и адаптации со цел да се обезбеди соодветен простор во кој непречено ќе може да се реализираат програмските содржини. Но, и покрај тоа, дотраеноста на просторот сеуште претставува главен проблем кој го отежнува функционирањето на дневниот центар.
|
прочитајте
повеќе |
 |
Октомври 2011 |
Активности на РЦПЛИП – ПОРАКА
СПОРТСКО – РЕКРЕАТИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ДНЕВНИТЕ ЦЕНТРИ НА РЦПЛИП – ПОРАКА |
Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА, во периодот од 27 јуни - 1 јули 2011 г. и од 19 - 22 септември 2011 г. во Центар за едукација на кадри "Солферино" на Црвен крст во Струга организираше и реализираше две спортско-рекреативни активности за корисниците на дневните центри на РЦПЛИП - ПОРАКА од Скопје, Радовиш и Охрид.
|
прочитајте
повеќе |
 |
Октомври 2011 |
Студиски престој во Братфорд – Англија
РЦПЛИП - ПОРАКА ВКЛУЧЕНА ВО "АКТИВНИ ГРАЃАНИ" |
Британскиот Совет почна да ја спроведува оваа програма и во Р.Македонија од 2010 година, со посебен осврт на областите активно граѓанство и еднакви можности и разноликост. Програмата се одвиваше во два дела, а во вториот дел, на покана на Британскиот Совет, како претставник од РЦПЛИП – ПОРАКАбеше вклучена Маја Гацоска. По завршувањето на обуката реализирана во рамките на оваа програма учесниците поделени во групи спроведоа проектни активности кои ја продолжија и проширија оваа програма.
|
прочитајте
повеќе |
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
 |
|
ПРАВАТА ДА СТАНАТ РЕАЛНОСТ!
Во рамките на програмата “Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес која ја спроведуваат Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) и Институтот за парламентарна демократија (ИПД), РЦПЛИП – ПОРАКА е вклучена како една од четирите партнерски организации со својата иницијатива која се однесува токму на Конвенцијата. Во рамките на ова партнерство, во соработка со НДИ и ИПД, ПОРАКА подготви и дистрибуираше информативен материјал: летоци, постери и лесночитлива верзија на Конвенцијата на ОН...
|
|
|
|
|
НИШТО НОВО ВО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
Предлозите на РЦПЛИП - ПОРАКА кои изминатите години во повеќе наврати се доставени до Министер-ството за труд и социјална политика воопшто не беа земени во предвид при оформувањето на текстот на предлог - законот, како ни при ревидирањето на истиот од страна на работната група...
|
|
|
|
|
ОД ПАРТНЕРСТВОТО НА РЦПЛИП - ПОРАКА ВО ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ UNIQ: РЕАЛИЗИРАНА Е ТЕСТ-ФАЗАТА НА МОДЕЛОТ NUEVA ВО ЧЕШКА
Проектот е поддржан од програмата Progress на Европската комисија, а неговата главна цел е пренесување на моделот на евалуација на сервисни служби, кој е развиен од ATEMPO, во три европски земји: Чешка, Норвешка и Германија. Моделот “Nueva” е иновативен пристап кој овозможува лицата со интелектуална попреченост да спроведуваат евалуација на сервисните служби кои самите ги користат.
|
|
|
|
|
СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА НОВИТЕ ПРОСТОРИИ НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР - ПОРАКА ОХРИД
Градоначалникот на општина Охрид, г-дин Александар Петрески, свечено ги пушти во употреба новите простории на дневниот центар - ПОРАКА Охрид. Со тоа, дневниот центар ги доби сите технички предуслови за непречено функционирање
|
|
|
|
|
ПАРТНЕРСТВО ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ТРИ ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ
Можноста да учествува како партнер во европски проекти е од исклучително значење за РЦПЛИП-ПОРАКА поради поврзувањето и создавањето на партнерства со истородни организации од регионот и од Европа, како и поради стекнувањето знаења и искуства за нови иновативни пристапи во работата со лица со интелектуална попреченост кои би се адаптирале и имплементирале во Република Македонија.
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
|
 |
|