Скопје, 02.12.2009
Промоција на кампања за превенција од малтретирање на деца/лица со интелектуална попреченост

„Животот како безбедна авантура“

Во рамките на својата програма за одбележување на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА ќе промовира Кампања за превенција од малтретирање на деца/лица со интелектуална попреченост под мотото “Животот како безбедна авантура”.
Промоцијата ќе се одржи на 2-ри декември 2009 (среда), со почеток во 10:30 часот, во сала 1 во Домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз” (ул. “11-ти Октомври” бр.42-а во Скопје).

Кампањата е насочена кон пошироката јавност, лицата со интелектуална попреченост, нивните семејства и професионалниот кадар кои работи со лица со интелектуална попреченост. Целта на кампањата е да придонесе за подигање на свеста за потребата од развивање на превентивни стратегии во однос на малтретирањето на деца/лица со интелектуална попреченост.
На промоцијата ќе бидат презентирани брошурите: Детство, попреченост и насилство” и “Животот како безбедна авантура” и промотивниот краток филм “Авантурата на Сара”.

Свои излагања ќе имаат:

  • Чедомир Трајковски, Претседател на РЦПЛИП – ПОРАКА;
  • Џељаљ Бајрами, Министер за труд и социјална политика;
  • Д-р Василка Димоска, Програмски менаџер во РЦПЛИП – ПОРАКА;
  • Јасминка Фришчиќ, Извршен директор во Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените;
  • Модератор: Петрит Сарачини, Програмски менаџер во Македонски институт за медиуми.

Во рамките на промоцијата, а по повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, РЦПЛИП – ПОРАКА ќе додели плакети и благодарници на поединци, институции и организации кои во текот на 2009 година дале свој придонес за остварување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост во Р. Македонија.
Исто така, во рамките на промоцијата на кампањата, во холот на Домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз” ќе биде поставена изложба на цртежи и ракотворби на лица со интелектуална попреченост.

 

ЕЛЕМЕНТИ НА КАМПАЊАТА кликнете врз сликите за да
ги преземете документите
Брошура: Детство, попреченост и насилство Брошура: Животот како безбедна авантура Соопштение за медиуми
Брошура:
„Детство, попреченост и насилство“
Брошура:
„Животот како безбедна авантура“
Соопштение за медиуми
(.PDF 540KB) (.PDF 1.8MB) (.DOC 35KB)

        © 2009
        сите права се задржани

почетна лична карта новости контакт
проекти публикации декларација гласило english